Facebook Technologies ја прекинува продажбата на Oculus VR сет во Германија
Facebook Technologies, пордужница на Facebook Inc. и сопственик на Oculus, објави дека привремено ја суспендира продажбата на уредот за виртуелна реалност Oculus VR во Германија. Новоста дојде после објавувањето на Oculus дека сите нови профили на Oculus мора да се преместат на логин системот на Facebook до 1 Јануари 2023.

Оваа одлука на Facebook беше многу сомнителна на германските власти и постои веројатност дека Oculus се повлекува токму заради острите закони на Германија. Точната причина сеуште не е позната, но останува сомнежот дека повлекувањето е предизвикано од законите.