Двете платформи направија уште еден чекор кон спојување
Корисниците на Instagram веќе некое време можат да ги споделуваат своите Instagram stories на нивниот Facebook профил, а двете платформи направија уште еден чекор кон спојување.
Корисниците на Facebook сега можат да ги видат и приказните на своите пријатeли од Instagram.
Новата опција е сè уште во фаза на тестирање и во моментов е достапна само за мал број луѓе.
Доколку оваа опција се покаже како корисна ќе биде достапна за секој корисник.
Ќе можете да ги разликувате приказните на Instagram и Facebook, така што приказните на Facebook ќе имаат сина, а приказните од Instagram портокалова рамка.
Кога станува збор за приватноста, само оние кои можат да ја видат вашата приказна на Instagram ќе можат да го сторат тоа од Facebook.