На Венера е откриен фосфин
Атмосферата на Венера содржи траги од фосфин, гас што може да се припише на живите организми на Земјата, објавија научниците.
Состојбите на Венера често се опишуваат како пеколни, бидејќи таму дневната температура е доволно висока за да се раствори оловото, а атмосферата е скоро целосно составена од јаглерод диоксид.
Група британски експерти користеле телескопи на Хаваите и чилеанската пустина Атакама за да го набљудуваат горниот слој на облаците на Венера, околу 60 километри над нејзината површина.
Откриле траги од фосфин, запалив гас што често се формира на Земјата со распаѓање на органска материја.
Бидејќи облаците на Венера се многу кисели и затоа многу бргу го уништуваат фосфинот, истражувањата покажаа дека нешто го создава одново. Тие заклучија дека на Венера се случува „необјаснива хемија“.
Главниот автор на студијата, Џејн Гривс, професор на Факултетот за физика и астрономија во Кардиф, во интервју за АФП повтори дека фосфинот сам по себе не е доказ за животот на првиот сосед на Земјата.
„Дури и ако планетата е богата со фосфор, можеби недостасува нешто друго важно за животот, некој друг елемент или условите се премногу топли или премногу суви“, рече таа.
„Знак за можно присуство на живот“
Таа посочи дека ова е прв пат фосфин да се открие на која било карпеста планета, освен на Земјата.