Близу Земјата ќе пролетаат три големи астероиди

До крајот на неделава близу Земјата ќе пролетаат три големи астероиди

Научниците стануваат сѐ подобри и подобри во откривањето на вселенските тела, особено оние кои се потенцијална закана за нашата планета.

Минатиот месец аматер астроном откри астероид кој професионалците го промашија. Леонарду Амарал од Бразил на 27 август го забележа астероидот 2020 QU6 со дијаметар од илјада метри, големина доволна на направи голема штета доколку падне на Земјата.

Тој на 10-ти месецот мина на растојание од 40 милиони километри од Земјата.

„Ова откритие нѐ потсетува дека иако сме ги пронашле повеќето објекти во близина на Земјата, сепак не сме ги нашле сите“, вели Кејси Драјер.

Се работи за астероидите 2020 RW3, 2020RN1 и 2014 QJ33 кои токму неделава ќе поминат покрај Земјата.

2020 RW3 утре ќе мине на оддалеченост од 2,5 милиони километри. Тој има дијатеметар од 18 метри.

2020RN1 е поголем со дијаметар од 30 метри и ќе мине на безбедна далечина од 7 милиони километри, додека 2014 QJ33 е најголем со дури 62 метар дијаметар и ќе нe одмине за 2,5 милиони километри.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.