Како изгледа бура на Јупитер
Вселенскиот телескоп Hubble направи нови фотографии со висока резолуција од Јупитер.
NASA објави нови фотографии од Јупитер, а на кои се гледа планетата и нејзината ледена месечина Европа. Фотографиите се направени на 25 август, кога Јупитер беше оддалечен 656 милиони километри од Земјата.
На фотографиите се гледа бела бура во атмосферата на Јупитер која се појави на 18 август, движејќи се со брзина од 560 км/ч. Подоцна беа откриени уште две бури со помош на телескоп од Земјата.
Највпечатлива е бурата наречена Голема црвена точка, која постојано се намалува од триесеттите години на минатиот век. Причината за тоа е непозната.