Sony PlayStation 5 ќе се продава за 399 евра

Ќе се најде во продажба на 19 ноември

Sony одржа виртуелна конференција, на која беа прикажани демо верзии на голем број игри што ќе бидат достапни за PlayStation 5.

Долгото чекање за потрошувачите официјално заврши, бидејќи Sony потврди кога и по која цена ќе започне продажбата на конзолата.

Стратегијата на Sony е да го направи PlayStation 5 достапен за потрошувачите во некои земји, вклучувајќи ги и САД од 12 ноември. Само една недела подоцна, започна глобалната дистрибуција на конзолата и до крајот на овој месец ќе можеме да купиме PS5 во голем број европски земји.

Јапонскиот производител исто така потврди дека дигиталната верзија, која нема оптички погон, ќе биде достапна за 399 евра.

Во исто време, стандардната конфигурација на Sony PlayStation 5 ќе чини 499 €.

Првите земји кои започнаа со продажба беа Јапонија, САД, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.