„Паднаа“ Facebook и Messenger! Луѓето се жалат дека не можат да испраќаат пораки …

Милиони корисници на Messenger на Facebook привремено не беа во можност да ги користат овие социјални мрежи, а проблеми беа пријавени низ целиот свет, дури и во Македонија.

Тоа се случи утрово околу 10 часот, повикувајќи се на податоците на веб-страницата Down Detector.

Падот на Messenger беше забележан и во Македонија, каде корисниците или не можеа воопшто да ја користат оваа социјална мрежа, или пораките пристигнаа со големо доцнење.

Корисници во Велика Британија, Франција и Белгија исто така имаа проблеми, а најголемиот проблем го пријавија корисниците во Полска.

Во оваа прилика досега никој од компанијата Facebook не одговорил.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.