Франција ги казни Google и Amazon со 135 милиони евра поради „колачиња“!

Француското регулаторно тело за интернет објави дека наметна казни од 100, односно 35 милиони евра на компаниите Google и Amazon, за непочитување на законот за колачиња.

Националната комисија за информатика и слободи (Cnil) ги критикуваше Google.fr и Amazon.fr, особено поради практиката да оставаат колачиња на компјутерот на корисниците на Интернет „без претходна согласност“.

Покрај тоа, транспарентите со информации што се појавуваат на тие страници за време на проверката немале „доволно јасни информации за да може корисникот на Интернет да знае за што служат тие колачиња и како не може да ги прифати“, наведува Комисијата.

Покрај казните, Комисијата „им нареди на компаниите да го сменат банерот за информации во рок од три месеци“, во спротивно, парична казна од 100.000 евра на ден по истекот на рокот.

Прекршувањата идентификувани од Комисијата „ја загрозуваат приватноста на корисниците на интернет во нивниот секојдневен дигитален живот“, затоа што „тие овозможуваат собирање на голема количина на податоци за луѓе, без нивна согласност, за да можат потоа да им понудат насочени реклами“, заклучува Комисијата.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *