META се заканува со повлекување од Европа

Мета размислува да се повлече од европскиот пазар доколку повеќе не може да разменува податоци од европските корисници со САД, по пресудата Schrems II.

Компанијата на Марк Цукерберг во поднесок до Американската комисија за хартии од вредност (SEC) наведува дека размислува за повлекување од европскиот пазар, а се зависи од пресудата Schrems II.

Во јули 2020 година, механизмот за пренос на лични податоци на Европејците во Америка, таканаречениот „Штит на приватност“, беше прогласен за незаконски.

„Штитот за приватност“, кој е на сила и во регионот, е американски закон со кој на американските власти им се дава право да собираат лични податоци за субјекти во Европската унија, без, како што тврди Судот, соодветни заштитни мерки.

Сепак, Фејсбук се заканува дека едноставно ќе се повлече целосно од Европа доколку повеќе не може да споделува податоци за европските корисници со своите операции, апликации и центри за податоци во САД.

Додека Европскиот суд на правдата наведува дека личните податоци се помалку заштитени во Соединетите Држави отколку во Европа, Фејсбук вели дека запирањето на трансатлантскиот пренос на податоци ќе има катастрофален ефект врз неговата способност да таргетира онлајн рекламирање, известува City A.M.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *