Apple почна да нуди апликација за социјалната мрежа на Трамп

На Трамп му беше забранет пристапот на Твитер, Фејсбук и Јутјуб откако неговите поддржувачи го нападнаа Капитол, а беше обвинет и за поттикнување немири и насилство.

„Truth Social“, социјалната мрежа на Доналд Трамп, од понеделник е достапна на онлајн продавницата на Apple, која е новиот медиумски канал на поранешниот републикански претседател, откако минатата година му беше забранет пристап до други платформи, пренесува Reuters.

Апликацијата стана достапна за преземање кратко по полноќ по американско време и автоматски се инсталираше на уредите на Apple на претходно регистрираните корисници.

Интерфејсот на апликацијата, која се појавува на мобилните уреди под името MAGA Hub, е копија на Instagram, па на неа може да се споделуваат „приказни“ и класични објави.

Кога новите корисници ќе влезат во апликацијата, која се појавува на телефонот под името MAGA Hub по слоганот на Трамп „Make America Great Again“, има најави против носење заштитни маски, оние за актуелниот претседател Џо Бајден како „комунистички педофил“ или оние кои го слави бразилскиот лидер Жаир Болсонар, пренесува Хина.

Сакаа да не закопаат, но не знаеја дека сме семето“, напиша еден корисник на новата социјална мрежа, која има и неполитички објави. На него засега не може да се најде официјалниот профил на самиот поранешен претседател.

На Трамп му беше забранет пристапот на Твитер, Фејсбук и Јутјуб откако неговите поддржувачи упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година, како и обвинувањата дека ги охрабрил да го сторат тоа.

Компанијата на Трамп, која управува со апликацијата, ја предводи поранешниот републикански пратеник Девин Нуњез, а таа е последната компанија која се позиционира како поборник за слободата на говорот и сака да привлече корисници кои веруваат дека нивниот глас е блокиран на постоечките социјални мрежи.

Компанијата планира да излезе на берзата во Њујорк, а веќе собра повеќе од милијарда долари од приватни инвеститори.

Зад платформата стои „Trump Media and Technology Group“ (TMTG), пренесува Танјуг.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *