РТ и Спутник блокирани на Јутуб

Гугл Европа соопшти дека ги блокира каналите на Јутуб поврзани со руските прокремљовски медиуми РТ (Раша тудеј) и Спутник за време на руската инвазија врз Украина.

Гугл, кој е сопственик на Јутуб, денеска соопшти дека потегот стапува на сила веднаш, иако ќе биде потребно време за системите целосно да проработат.

„Нашите тимови продолжуваат деноноќно да ја следат ситуацијата за да преземат брза акција“, се наведува во соопштението на Гугл објавено на Твитер.

Овој потег доаѓа неколку часа пред земјите-членки на ЕУ да дадат зелено светло за предлогот на Европската комисија за ограничување на пристапот на овие медиуми до европскиот медиумски пазар без оглед на нивниот дистрибутивен канал.

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на 27 март, рече дека РТ и Спутник се дел од „медиумската машина на Кремљ“ и дека ЕУ ќе преземе мерки „да ги забрани нивните токсични и штетни дезинформации во Европа“.

Се очекува санкциите да им забранат на операторите во ЕУ да објавуваат какви било содржини од овие два медиуми во која било форма. Мерките вклучуваат забрана за емитување преку кабловска, сателитска, ИПТВ, видео-платформи на интернет или апликации, без разлика дали се нови или претходно инсталирани.

Главниот канал на РТ на Јутуб има над 4,5 милиони луѓе што го следат.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *