“Apple Watch Series 8” доаѓа со сензор за телесна температура

Ако “Apple” се држи до својот вообичаен распоред, би требало прв да го видиме “Apple Watch Series 8” во септември. “WatchOS 9” веројатно за прв пат ќе го видиме на “WWDC” во јуни. Има уште време до одржувањето на двата настани, но гласините се се почести.

Според извештаите на “Bloomberg”, се очекува “Apple” оваа година да открие три нови модели на часовници. Заедно со “серија 8” и реновираниот “Watch CE”, можеби ќе се појави и верзија со робустен дизајн. Тој модел би ги таргетирал екстремните спортисти.

Со “WatchOS 9”, “Apple” би можел да воведе надграден режим за ниска потрошувачка. Освен што им овозможува на корисниците да го видат времето во режим на мала потрошувачка, нивниот часовник ќе може да поднесе и одредени апликации.

Здравјето било голем фокус за “Apple Watch” од почетокот. “Apple Watch Series 8” како новина ќе донесе сензор за телесна температура. На почетокот се чини дека тоа ќе претставува план да им се помогне на корисниците во планирање на плодноста. Подоцна опцијата ќе може да се користи за корисникот да види дали има висока телесна температура.

Покрај тоа, се очекува “Apple” да воведе следење на атријалната фибрилација (AFib) со нова функција која детектира колку често корисникот е во состојба на (AFib) во одреден временски период. Во апликацијата “Workout” ќе бидат достапни повеќе типови на вежбање.

Што се однесува до здравствените функции кои корисниците не би требало да ги очекуваат во новиот модел, долго очекуваниот монитор за крвен притисок веројатно нема да пристигне оваа година. Веројатно нема да може ни да се мери шеќерот во крвта.

Најновата линија паметни телефони би можеле да имаат сателитска поврзаност, што на корисниците би им овозможило да праќаат пораки до персоналот за итни случаи и да пријавуваат инциденти преку сателитските мрежи.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *