Најновата тест верзија на Windows 11 доаѓа со нова функција

Најновата „preview build“ на Microsoft, за програмери во рамките на програмата Windows Insider, доаѓа со поддршка за новата функција.

 

Целта на функцијата наречена „suggested actions“ е едноставна. Откако ќе се избере одредена содржина, Windows 11 може да предложи / препорача серија дејства што може да се направат побрзо.

На пример, корисникот може да бира телефонски број, по што оперативниот систем нуди мал прозорец што се појавува и започнува повик. Ќе се појават слични препораки за избор на датум или време.

Развојот на препорачаните дејства е сè уште во рана фаза, така што нема гаранција дека оваа функција ќе им биде достапна на корисниците во блиска иднина. Идеите, кои Мајкрософт ги тестира на својот канал за развивачи, немаат конкретен датум на објавување.

Компанијата истакнува дека каналот Dev главно се користи за експериментирање со нови функции, кои на крајот може да бидат отфрлени пред официјалното јавно објавување.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *