Празник за очи: Погледнете како изгледа новиот „Maserati MC20 Cielo“

Италијанскиот произведувач ја претстави роудстер верзијата на суперспортскиот модел „MC20“.

Поминаа речиси две години откако „Maserati“ го претстави купето „MC20“. На премиерата на ова возило, италијанскиот произведувач најави дека е во план и верзија со отворен кров и – конечно е тука. Го носи името „MC20 Cielo“ (што значи „небо“ на италијански јазик) и тоа е следната итерација на новиот суперавтомобил на компанијата, и нема да биде последна.

„MC20 Cielo“ го користи истиот „Nettuno V6“ кој го придвижува „MC20“ купето. Станува збор за 3,0-литарски мотор кој произведува 630 коњски сили и 730 Nm вртежен момент. Моторот е впарен со 8-степен менувач со двојно квачило, додека максималната брзина, како што се наведува, е над 320 км/ч.

„Maserati“ за „MC20“ развил три варијанти на „монокок“ каросерија од јаглеродни влакна: една за купе, втора за кабриолет и трета за EV варијанта. Тие се разликуваат по ориентацијата и слоевитоста на јаглеродните влакна, и додека „монококот“ на купето е конструиран за неговата тежина и перформанси, верзијата за „Cielo“ се фокусира на зголемување на крутоста.

„Maserati MC20 Cielo“ тежи само 65 килограми повеќе од „MC20“ купето. Дополнителната крутост е неопходна за да се компензира склопливиот кров на роудстерот кој може да се отвори односно затвори за 12 секунди.

Кровот исто така има голема хроматска стаклена плоча која може да се претвори од провидна во непровидна, благодарение на технологијата на течни кристали во полимери (PDLC).

На почетокот на продажбата, на купувачите ќе им биде понудено ограничено издание „PrimaSeries Launch Edition“ со специјални елементи на каросеријата и широк асортиман на стандардна опрема.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *