Твитер плати 150 милионска казна поради непочитување на приватноста

Твитер се согласи да плати казна од 150 милиони долари откако Федералната трговска комисија и американското Министерство за правда поднесоа тужба против компанијата во која се тврди дека Твитер ги довел во заблуда корисниците за тоа како ги штити нивните лични податоци.

Како што се наведува во тужбата, Твитер со години наназад, поточно во периодот од  2013 година до 2019 година, испуштил да им каже на корисниците дека нивните контакт информации, односно телефонските броеви и адреси за е-пошта, не само што се користат за безбедност на профилот, туку и за таргетирано рекламирање.

Со ваквата практика, Твитер го прекршил и договорот за приватност од 2011 година склучен со Федералната трговска комисија, кој бил постигнат по двата хакерски инценденти со кои хакерите успеаја да ги добијат административните привилегии на платформата. Според овој договор, на Твитер му беше забрането да ја доведува јавноста во заблуда за тоа како компанијата ги штити личните податоци на корисниците.

Покрај казната од 150 милиони долари, ново предложенената спогодба помеѓу Твитер и Федералната трговска комисија му забранува на Твитер да профитира од податоците кои се собрани со измама и го обврзува да дозволи други методи за автентикација од страна на корисниците освен телефонски број.

Спогодбата што беше постигната оваа среда сепак ќе треба да се потврди од судот.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *