Апликацијата Messenger за iOS и Android доби посебен дел за повици

Мета воведе нов дел Повици во својата апликација Messenger за корисници на iOS и Android, кој ќе се појавува заедно со Chats, Stories и People на дното на лентата за навигација.

Делот Повици ќе го следи секој повик што корисникот го упатува или прима на едно место во апликацијата и, според Мета, значително ќе го олесни јавувањето.

Бидејќи има и такви кои не знаат дека воопшто има опција за гласовни или видео повици во Messenger, компанијата мудро додаде потсетник за таквите корисници.

Понатаму, со кликнување на Повици ќе се отвори список со контакти за корисниците. Пред оваа промена, беше неопходно да се отвори разговор со личноста која корисникот сака да ја повика, наведува TechCrunch.

Имено, Мета наведува дека секој ден на Messenger се остваруваат 40 отсто повеќе гласовни и видео повици отколку што беше случај на почетокот на 2020 година. Поконкретно, компанијата тврди дека остварува повеќе од 300 милиони повици дневно.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *