Facebook прави редизајн и се натпреварува со TikTok

Фејсбук, како што денес го користат речиси 3 милијарди луѓе, наскоро би можел да промени многу, а причината за големите промени лежи пред се во конкуренцијата, односно – ТикТок.

За повеќето млади луѓе, ТикТок е најпопуларната социјална мрежа каде поминуваат многу повеќе време отколку на Фејсбук, а Цукерберг и неговиот тим ќе се обидат да го променат тоа.

Според The ​​Verge, тимот од Мета внимателно го следи секој потег на ТикТок, а според интерен документ до кој дошле новинарите, наскоро ќе започнат голем редизајн на социјалната мрежа.

Приоритет во новиот дизајн ќе биде, според првиот човек на Фејсбук Том Алисон, препораката на објави (видеа) кои нема да бидат поврзани со луѓе, т.е. профили кои ги следат корисниците, што е тактика која успешно ја користи ТикТок. Тие исто така ќе продолжат да го зголемуваат својот фокус на Reels и повторно имаат намера да ги спојат Фејсбук и Месинџер во една апликација.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *