Ferrari со нови 15 автомобили до 2026

До 2026 година, само 40 отсто од сите Ferrari автомобили сè уште ќе имаат чист погон на мотори со внатрешно согорување, бидејќи 55 отсто ќе бидат хибриди, а останатите 5 отсто ќе бидат електрични возила. Односите значително ќе се променат до 2030 година, при што конвенционалните возила ќе учествуваат со само 20 проценти, додека 40 проценти ќе бидат хибриди, а другите 40 проценти чисто електрични. За споредба, 80 проценти од сите автомобили испорачани во 2021 година имаа исклучиво мотор на внатрешно согорување, а останатите 20 проценти се хибриди.

Ferrari е една од последните компании во луксузниот сегмент што претстави електричен автомобил. Bugatti, Bentley, Lamborghini, Rolls-Royce, Aston Martin и McLaren планираат да произведуваат само електрични автомобили до крајот на деценијата.

Тие се соочуваат со заеднички предизвик – одржување на ексклузивноста на брендот додека преминуваат од големи мотори со внатрешно согорување на батерии.

Според Ferrari, електричниот автомобил на компанијата ќе се одликува со тежината, звукот, моќноста на моторот и емоционалното искуство. Сепак, 75-години стариот бренд ќе се придржува до својата долгогодишна филозофија за обезбедување ексклузивност.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *