Телеграм официјално стави претплата – еве колку ќе чини

„Telegram Premium“ им нуди на корисниците пристап до дополнителни функции, по цена од 4,99 долари месечно. Сите функции што доаѓаат со претплата се наведени на блогот на „Telegram“, а некои од поважните вклучуваат побрзо преземање, можност за вметнување датотеки до 4 GB и повеќе.

Претплатниците на „Premium“, исто така, добиваат двојни опции за функции што се ограничени на стандардни корисници. Наместо сегашните 500 канали, претплатниците можат да се приклучат до 1000 канали.

Истото важи и за другите функции – претплатниците можат да креираат 20 папки за разговор со 200 разговори за секој, може да зачуваат до 10 стикери, да додаваат вкупно четири сметки на „Telegram“ наместо три…

„ Telegram Premium“ корисниците добиваат и можност да креираат подолга биографија, со линк.

Дополнителните погодности, кои доаѓаат со претплата, вклучуваат пристап до библиотека со премиум стикери, ексклузивни реакции со емотикони и анимирани профилни фотографии.

Веројатно можноста што привлекува многумина да се претплатат на услуги е тоа што претплатата на „Telegram Premium“ ги отстранува спонзорираните пораки од јавните канали.

„Telegram Premium“ доаѓа со голем број функции, од кои многу ќе бидат примамливи за сега многу големата корисничка база на „Telegram“, која сега брои повеќе од 700 милиони луѓе. Основната верзија на апликацијата сè уште е бесплатна за секого.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *