НАСА објави нови фотки од Џемс Веб: галактички танц, ѕвезден расадник, магла (ВИДЕО)

Новите снимки ги откриваат деталите на „расадникот на ѕвезди“, сфера од гас околу ѕвезда што умира и „вселенски танц“ помеѓу група галаксии.

Фотографијата објавена вчера го даде досега најјасниот поглед на далечните галаксии и светлина од пред 13 милијарди години; беше откриена на огромна радост во научниот свет.

„Има толку многу детали овде – ги гледаме овие галаксии какви што никогаш порано не сме можеле да ги видиме. Има острина и јасност што никогаш не сме ги имале. Ве охрабрувам да зумирате – можеме да видиме како се формираат поединечни кластери од ѕвезди, кои едноставно се испукуваат како пуканки“, вели д-р Џејн Ригби, астрофизичарка во НАСА.

Јужниот прстен

Јужниот прстен, или маглината „Осум пукнатини“, е џиновска сфера од гас и прашина што се шири, која е осветлена од ѕвезда што умира во центарот.

Како што стареат ѕвездите, тие го менуваат начинот на кој создаваат енергија и ги исфрлаат своите надворешни слоеви.

И тогаш, кога ѕвездата повторно ќе стане многу жешка, таа го стимулира целиот тој материјал што претходно го отфрлила.

Јужниот прстен е со дијаметар од речиси половина светлосна година и се наоѓа на околу 2.000 светлосни години од Земјата.

Овој тип на структура се нарекува „планетарна маглина“, но всушност нема никаква врска со планетите.

Тоа е погрешен назив уште од раните денови на телескопите кога тие ни приближно ја немаа резолуцијата што ја имаат денес.

И исто како што Веб сака да види како се раѓаат ѕвездите, исто така сака да види и како тие умираат.

Фотографијата е „пенлива“ со јасно структурирани школки, а портокаловата пена се должи на молекуларниот водород што се формирал при експанзијата, осветлувајќи ги гасот и прашината на маглината (тело од меѓуѕвездени облаци).

Сината магла поблиску до центарот на сликата се должи на врелиот јонизиран гас што се загрева од многу жешкото преостано јадро на ѕвездата.

Зраците во надворешните региони се дупките во внатрешната маглина што ја пуштаат светлината од централните ѕвезди да извира, давајќи изглед на раздвоени облаци низ кои сјае сонцето.

 

Маглината Карина

Маглината Карина беше снимена и од телескопот Хабл – претходникот на Веб – иако во верзијата на Веб добиваме многу поинаков приказ.

На светлината од сонцето ѝ се потребни 8 минути за да стигне до нас, така ние ѕвездата ја гледаме таква каква што била пред осум минути.

Кога сонцето би исчезнало, нам би ни биле потребни осум минути за да го забележиме тоа.

На светлината од некоја далечна ѕвезда можеби би ѝ требале многу години за да стигне до нас низ вселенското пространство, така што ние би ја гледале таква каква што била пред многу години.

Светлината од првите ѕвезди го почнала своето патување пред милијарди години, така што Веб ќе ги види тие ѕвезди такви какви што биле пред милијарди години, објаснува НАСА.

 

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *