Зимски гуми на автомобил во лето?

Возачите секогаш бараат начини да заштедат пари, па некои ќе остават зимски гуми на возилата и во лето. Сепак, помеката смеса на зимските гуми и различниот облик на шарата на нив влијае на издржливоста на гумите, но и на возењето.

При високи температури, зимските гуми побрзо се трошат токму поради меката смеса која е оптимизирана за постудено време.

За време на топлите летни денови, со зимски гуми, стабилноста на возилото е полоша, а автомобилот има поголемо растојание за сопирање. Во зависност од температурата и абењето на гумите, растојанието на сопирање од 100 km/h до нула може да биде и до 16 метри подолго.

Поради различниот дизајн на гумите, има поголема стабилност во кривините, а поради поголемиот отпор на тркалање зимските пневматици придонесуваат за поголема потрошувачка на гориво.

Во принцип, заменете ги на време (или барем сега ако досега не сте ги направиле) и не ги употребувајте во лето.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *