Истражувањето на Фејсбук покажа: Богатите пријатели се клучни за успехот во животот

Една нова студија, спроведена на повеќе од 21 милијарда пријателства на Facebook, потврди нешто што го знаевме претходно: добро е да имаш богати пријатели.

Истражувачите користеле податоци за повеќе од 72 милиони корисници на Фејсбук за да ги анализираат начините на кои одредени социјални околности влијаат на економската мобилност.

Резултатите беа објавени во две статии во списанието Nature.

Првата статија се фокусира на економската поврзаност, термин кој го опишува нивото на блискост помеѓу корисниците со повисоки и пониски нивоа на приходи.

Истражувањата покажаа дека децата со пониски примања имаат подобри изгледи за економски успех кога ќе пораснат доколку се тесно поврзани со поединци со повисоки примања.

Втората статија повеќе се занимава со примери за тоа како функционираат овие односи во реалниот свет.

Поважно од семејството, образованието…
Во просек, децата со пониски приходи би забележале зголемување на приходите од 8,2 отсто кога ќе пораснат, доколку приходите на нивните побогати пријатели се зголемат за 25 до 50 отсто.

Тие исто така имале поголема веројатност да завршат средно училиште, а тинејџерските бремености биле поретки.

Пријателствата со побогатите се покажаа како позначаен фактор од структурата на семејството, квалитетот на образованието, достапноста на работните места и расниот состав на заедниците во кои живееле испитаниците.

Не беше важно каде пораснаа. Ако имаа пријатели кои беа побогати од нив, шансите да добијат подобар економски статус подоцна во животот беа поголеми.

Анонимното истражување беше спроведено на примерок од 72,2 милиони корисници на Фејсбук, приближно 84 отсто од сите возрасни луѓе во САД на возраст меѓу 25 и 44 години.

Вклучуваше активни корисници на таа социјална мрежа со најмалку сто контакти. Проценката на приходот се заснова на поштенски шифри, училишта во кои посетувале и други податоци, што е дополнето со податоци од американските даночни службеници, пренесува Тпортал.

 

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *