Апликација испушта звук секогаш кога вашиот компјутер испраќа податоци до Google

За да покаже колку Google е гладен за податоци, Берт Хуберт, програмерот зад PowerDNS, го создаде софтверот Googerteller кој испушта звук секогаш кога вашиот компјутер испраќа податоци до Google.

Hubert ги собра IP-адресите поврзани со услугите на Google, со исклучок на Google Cloud, за Googerteller лесно да следи што се испраќа до тие сервери. Софтверот испушта звук ако апликацијата или веб-локацијата што ја користите се обиде да пристапи до една од овие IP адреси.

Тука не е ни виновен Google Chrome, бидејќи и Firefox дава слични резултати. Како што се гледа на видеото објавено од Хуберт, речиси секоја интеракција со страницата што ја посетил резултира со звучен сигнал, најверојатно поради сите податоци што ги собира Google Analytics.

 

Ако сакате да го пробате Googerteller, можете да го инсталирате бесплатно, но бидете свесни дека може брзо да стане досадно. Исто така, имајте на ум дека Googerteller само ви дозволува да знаете што се случува, а сепак ќе зависи од вас да ги ограничите податоците што ги ставате достапни.

Хуберт моментално работи на проширување на Googerteller со IP-адреси на Facebook, кои, како и Google, се познати по собирање и следење податоци.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.