„Сони плејстејшн 5“ добива сѐ полесни верзии

„Сони“ ненајавено лансираше редизајниран модел на конзолата „Плејстејшн 5“, уште полесна од претходната, а тоа важи за дискот и за дигиталната верзија.

Новиот модел „ЦФИ-1202-А“ сега тежи 3,9 килограми, што е за седум отсто помалку од моделот од 2021 година, што тежи 4,2 кг. Разликата е уште поголема во однос на оригиналниот модел на конзолата – 13 отсто помалку. Првичниот „ПС5“ тежеше 4,5 килограми.

Дигиталниот модел од 2022 година, пак, тежи 3,4 килограми, исто така, 13 насто полесен од оригиналот со 3,9 килограми.

Новите модели на „Сони плејстејшн 5“ доаѓаат во време кога компанијата ги зголемува цените на своите конзоли ширум светот. Во Европа поскапувањето е 10 отсто, а во Јапонија 21 отсто.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *