Ирска го казни Instagram со рекордни 405 милиони евра поради податоци за деца

Ирскиот регулатор за заштита на приватноста на податоците одреди рекордна казна од 405 милиони евра за социјалната мрежа Instagram по истрагата за тоа како ги обработувала податоците за деца.

Истрагата којашто е отворена во 2020 година се фокусирала на деца на возраст од 13 до 17 години кои можеле да водат деловни профили на Instagram, што овозможувало објавување на телефонски броеви и/или електронските адреси на корисниците.

„Донесовме конечна одлука минатиот петок и таа содржи казна од 405 милиони долари“, изјави портпаролот на ирскиот комесар за заштита на податоците (DPC), главниот регулатор на „Meta Platforms Inc“, матичната компанија на Instagram.

Поединостите од одлуката ќе бидат објавено следната седмица. Одделот на „Meta Platforms Inc.“ не бил веднаш достапен за коментар на барање на агенцијата Reuters.

Инаку DPC ги регулира „Meta Platforms Inc.“, „Apple“, „Google“ и другите технолошки гиганти, бидејќи нивното европски седишта поради даночните политики се во Ирска.

Регулаторите отвориле десетина истраги за компаниите на „Meta Platforms Inc.“, вклучително и за „Facebook“ и „WhatsApp“. Минатата година „WhatsApp“ беше казнет за тогаш рекордните 225 милиони евра, бидејќи не ги почитувале европските прописи за личните податоци во 2018 година.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.