Нов застрашувачки тик-ток предизвик меѓу тинејџерите

Застрашувачки „тик ток“ предизик меѓу децата во Скопје реагираат нивните родители на социјалните мрежи. Во овој т.н предизвик децата легнуваат на сред улица и се предизвикуваат еден со друг кој ќе издржи што е можно подолго до доаѓањето на возилото. Новите генерации се во своевидно заложништво на социјалните мрежи и мора да постои критериум во селективноста што е предност на социјалните мрежи во одредени ситуации, но и кои се негативните страни на истите, вели психијатар Митова.

 

Психијатарот Митова, вели дека новите генерации се во заложништво на социјалните мрежи и истакна дека мора да постојат критериуми во селективноста за тоа се предностите а што негативните страни на социјалните мрежи.

„Најмногу загрижува огромното влијание што го имаат социјалните мрежи врз менталното здравје на младите. Од тука се сите ситуации на кои сведочиме, бидејќи влијанието на тие мрежи не е нималку наивна компонента, за која мора да кажам дека ние помалку наивно пристапуваме во сериозноста на овој проблем“ изјави Д-р Митова за Телма.

Таа додава дека е време да се премине во акција за да се превенираат ваквите „предизвици“ во иднина, а одговорноста ја лоцира кај родителите но и кај целокупното општество.

„За родителите е многу важно да разговараат со своите деца, од друга страна пак, општеството јасно и гласно да воочи за важноста на едукацијата и на родителите и на нивните деца што значат и какво влијание имаат социјалните мрежи. Во конкретниов случај со „Тик Ток“ веројатно, но и „Инстаграм“, „Фејсбук“. Какво е влијанието врз менталното здравје и какви последици може да има“ вели Д-р Митова.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *