TikTok за три месеци отстранил 113 милиони клипови

Социјалната мрежа TikTok отстрани повеќе од 113 милиони клипови помеѓу април и јуни оваа година, според кварталниот извештај на компанијата.

 

 

Бројни клипови се отстранети поради прекршување на условите за користење, но ова е само мал процент во споредба со количината на содржина што е објавена на TikTok. Поточно, 113 милиони клипови претставуваат само 1% од вкупниот број објавени во текот на трите месеци.

Најчеста причина за отстранување некое видео е прекршување на правилата поврзани со безбедноста на малолетниците, што претставува нешто помалку од 44% од отстранетите видеа. Други вообичаени причини се нелегални активности и регулирани добра, како и експлицитна содржина и сексуални активности, според извештајот.

Сè поголем број клипови на TikTok се отстрануваат од автоматизираните системи на платформата, со околу 48 милиони отстранети минатиот квартал. Речиси 96% од видеата во тримесечниот период биле отстранети пред корисниците да ги пријават на TikTok. Компанијата соопшти дека користи автоматизирани алатки и човечка анализа кога прегледува содржина што може да ги прекрши условите за користење.

По нападот на Русија врз Украина, TikTok се бореше со инбформнации кои доведуваат во заблуда и лажни воени содржини што масовно се појавуваа на платформата, на крајот забранувајќи ги клиповите од Русија и воведувајќи етикетирање на државните медиуми.

Пред изборите во САД во ноември, TikTok објави дека забранува собирање средства за политички цели и бара од профилите на владата, политичарите и политичките партии да аплицираат за верификација. Ова е показател дека TikTok вложува повеќе напор за да ги спречи изборните дезинформации и политичкото рекламирање што и покрај забраната „се прикрива“ преку инфлуенсерите.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *