„Google“ ги објави најдобрите апликации и игри за оваа година

Неколку дена откако „Apple“ го направи тоа, „Google“ ги соопшти и најдобрите мобилни апликации кои може да се преземат на нивната платформа. Наградите „Best of 2022“ за продавницата на „Google Play“ одат во рацете на авторите на апликациите кои годинава се истакнаа со смели идеи и креативност.

Годинава „Google“ за прв пат во изборот ги вклучи апликациите направени за „Chromebook“, а како и досега беа наградени и авторите на апликации за сите други видови уреди – од телефони до паметни часовници.

 

Избраните дела за 2022-ра година ги одразуваат трендовите на пазарот и она што е најважно за корисниците во моментов. Така, меѓу нив можете да најдете игри кои ви дозволуваат да се одвоите од реалниот свет и да се нурнете во нов свет, како и апликации кои ви помагаат да живеете „во моментот“.

Најдобрите игри и апликации

Апликацијата „Dream by WOMBO“ беше прогласена за севкупно најдобра мобилна апликација достапна оваа година на „Google Play“. Служи како пренасочување со многу популарна и вирална активност во последните месеци – создавање цртежи и илустрации од текст, со помош на вештачка интелигенција.

„Apex Legends Mobile“, од „EA“, беше прогласена за најдобра игра, а ова е игра која редовно беше меѓу 10-те најпопуларни игри во „Google Store“ во 2022-ра година. Истата игра, да потсетиме, неодамна беше прогласена за најдобра на „iOS“.

Кога станува збор за изборот на самите корисници, како најдобра апликација се издвои необичната социјална мрежа „BeReal“, која и оваа година беше наградена од „Apple“ како исклучителна, автентична и креативна. Најдобрата игра според изборот на корисникот е очекувано – „Apex Legends Mobile“.

Други категории

„Google“ ги препозна и најдобрите апликации во помали категории. Така, „PetStar“, апликација со која можете да анимирате фотографија од вашето домашно милениче, е прогласена за најзабавна апликација. За личен развој, најдобар тренер за дишење е „Breathwrk“, а „Plant Parent“ – водич за одгледување растенија, е избрана од секојдневните корисни апликации.

Дигиталниот планер „Todoist“ е прогласен за најдобра апликација за уреди за носење, кураторот за содржини „Pocket“ за таблети, а во нова категорија титулата најдобра апликација „Chromebook“ ја доби дигиталното музичко студио „BandLab“.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *