Google има нов проект: Ќе користи ласери за испраќање сигнали кои се илјада пати побрзи од денешните

Пред неколку месеци Google го претстави својот нов проект пред јавноста. Дотогаш развиен во целосна тајност, стартапот на Google Aalyria всушност вклучува две нови технолошки платформи кои треба да ги револуционизираат нашите безжични комуникации на копно, море, воздух и – во вселената.

 

Google и претходно беше познат по објавувањето на развојот на револуционерни технологии, како вселенски кранови и ветерни турбини од змејови, но ниту еден од овие проекти досега не се покажа успешен. Меѓутоа, истражувањето спроведено во тие проекти може да најде примена во сосема различни области, а тоа се чини дека е случај со новата комуникациска мрежа која се развива под кодното име Minkowski.

Неодамна претставената Aalyria комбинира атмосферска ласерска комуникациска технологија, наречена Tightbeam, и софтверска платформа за усогласување на мрежата наречена Spacetime. Крајниот резултат треба да биде „хипербрза, ултра безбедна, многу сложена безжична комуникациска мрежа на иднината“.

 

Како што објави компанијата, Tightbeam е најнапредната светска кохерентна ласерска безжична комуникациска технологија, која работи со брзини поголеми од која било друга технологија достапна денес, покривајќи поголеми растојанија и пренесувајќи совршено зачувани податоци низ атмосферата и сите временски услови. Tightbeam „радикално ги подобрува сателитските комуникации, Wi-Fi на авиони и бродови и мобилното поврзување низ целиот свет“.

Втората технологија е наречена Spacetime и е софтверска платформа за усогласување на работата на мрежите на копнени станици, авиони, сателити, бродови и урбани мрежи. Извршниот директор на Aalyria, Крис Тејлор, тврди дека Spacetime „ги поддржува сите опсези на радио фреквенции и оптички бранови должини“ и е „дизајниран за интероперабилност со сите постоечки мрежни архитектури“.

„Клучната идеја на оваа компанија е да се поврзе сè што постои денес со се што ќе постои утре“, рече Тејлор.

 

Spacetime треба да управува со врските помеѓу десетици илјади подвижни објекти, без разлика дали се сателити, авиони, бродови или возила. Aalyria тврди дека веќе го тестирала софтверот на мрежа од десетици сателити, авиони и копнени станици. Комбинацијата на Tightbeam и Spacetime би требало да ги поврзе сите замисливи подвижни и неподвижни објекти во иднина.

Сепак, теоријата е една работа, а практиката е нешто сосема друго. Безжичните системи базирани на ласери не успеаја да ги оправдаат очекувањата во минатото. дали овој пат ќе биде поинаков?

 

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *