Android 13 пристигнува со оваа важна промена – внимавајте кој телефон го купувате

Со објавувањето на Android 13, Google имплементира и една важна иновација – зголемување на минималните барања за меморија (RAM).

 

Така, наместо еден гигабајт, корисниците кои сакаат да ги користат сите предности на Android 13 сега мора да имаат телефон со најмалку 2 GB работна меморија.

Дополнително, уредите мора да имаат простор за складирање на податоци од минимум 16 GB, за да може на нив да се инсталира најновата верзија на оперативниот систем Google.

 

Најпогоден од оваа одлука е Android Go, а станува збор за намалена верзија на Android платформата, наменета за послаби уреди и пазари во развој.

Ваквите промени не се изненадување и Google ги спроведува на секои неколку години. Така, во текот на 2018, 2019 и 2020 година, минималните спецификации беа 512 MB RAM, а во текот на 2021 и 2022 година, таа ќе биде 1 GB.

Како што напредува технологијата и се менува пазарот на ИТ, сè води до промени во минималните критериуми и барања за извршување на секоја следна верзија на Android.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *