844 милиони долари инвестиција во е-спорт

Инвестициите во е-спортот годинава ќе достигнат до 844 милиони долари

Глобалните инвестиции во форма на огласување и спонзорства во е-спортовите се очекува повторно да пораснат оваа година и покрај предвидената глобална рецесија.

Инвестициите на брендовите во е-спортот оваа година треба да достигнат 844 милиони долари, што претставува раст од 9,9%. Најмногу пари, односно 615 милиони долари ќе бидат потрошени на спонзорства, а 229 милиони ќе одат во огласување за време на преносите на е-спортските натпревари – раст од 1.7% кога се очекува дека традиционалното телевизиско огласување ќе падне за 13.8%.

Предвидувањата одат во насока дека инвестициите во е-спортот ќе продолжат да растат и во следните години, достигнувајќи 1 милијарда долари во 2022 година.

Меѓутоа, привлекувањето на нова публика се покажа како тешка задача во првата половина од годината одбележана со пандемијата на корона вирусот.

Покрај паузата на традиционалните спортови, само 3% од возрасните лица за прв пат гледале е-спортски содржини за време на карантинот, а 55% од сите гледачи истакнале дека не се посветени следбеници на е-спортовите.

Најпопуларна платформа за гледање на е-спорт во живо е Twitch, која е во сопственост на Amazon. Платформата привлекува 1.9 милиони гледачи секој ден, при што гледањето е концентрирано во периодот после 19 часот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments