Африка се разделува на два дела

Африка се разделува на два дела формирајќи нов океан

Во едно од најтоплите места на Земјата, покрај сувото подрачје на регионот на Источна Африка, може да застанете на точката под која се раздвојува континентот. Овој пуст простор се наоѓа врз три тектонски плочи кои многу полека се оддалечуваат една од друга.

Тоа е сложен геолошки процес за кој научниците велат дека на крајот ќе ја подели Африка на два дела и ќе создаде нова океанска шуплина по милиони години.

Најочигледниот доказ за ова е пукнатина долга 56 километри во пустината во Етиопија. Тектонските движења на африканскиот континент се истражувани повеќе децении, а нови сателитски мерења им помагаат на научниците подобро да ги разберат промените.

Се смета дека новиот океан во Африка ќе се формира за најмалку 5 милиони до 10 милиони години. Земјината кора е составена од 12 големи тектонски плочи кои се неправилно обликувани карпести плочи што постојано се удираат или се оддалечуваат едни од други.

Арапската плоча се оддалечува од Африка последните 30 милиони години. Овој процес ги создал Црвеното Море и Аденскиот Залив. Но, сомалиската плоча исто така се оддалечува од нубиската плоча.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments