Акциите на Apple паднаа за 6%

Акциите на Apple паднаа за 6%

Apple е на пат да има најлош период уште од средината на Март. Денеска акциите на Apple паднаа за 6%, односно целосниот пад од среда па до сега е 9%. CNBC посочи дека ова е најлош пад на акциите на гигантот уште од 16 Март годинава кога паднаа за 12.9% поради кризата предизвикана од COVID-19.

Apple не е единствената компанија која доживеа пад периодов, Microsoft и Facebook паднаа за 4%, Alphabet, Netflix и Amazon повеќе од 3%. Apple не е во ризик да ја изгуби титулата за единствена компанија која има вредност на $2 трилиони, откако ја достигна оваа цифра минатиот месец.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments