Акциите на Tesla се 6.330 пати поголеми од ланската добивка
Проблемот со толку високата вредност на Tesla е во тоа што компанијата пред помалку од една година била близу до банкрот, но потоа успеа да го зголеми производството, да оствари поголем профит.
На почетокот на оваа недела, акциите на Tesla надминаа 1.790 долари, што значи дека компанијата на Илон Маск достигна 320 милијарди долари. Таков раст на цените не очекувал ниту самиот Маск.
Oд почетокот на годината Tesla имал пазарна вредност што е еднаква на компанијата Renault помножена 27 пати или добивката на компанијата на Маск е 5,6 пати поголема од онаа на General motors.
Се поставува прашањето колку долго ќе трае среќата на сопствениците на акции во Tesla.
Ако во 2016 сте инвестирале во акциите на Tesla и сте вложиле 35.000 долари, денес тие ќе вредат 250.000 долари.