Драг трка помеѓу Tesla Model Y и Lamborghini Huracan! [ВИДЕО]
Рекордна вредност на Amazon
Акциите на Amazon пораснаа за 4,4 проценти на рекордни 2.878,70 долари, зголемувајќи го богатството на нејзиниот основач на 171,6 милијарди долари. Ова е повеќе од рекордните 167,7 милијарди долари од септември 2018 година.
Нето-вредноста на имотот на основачот на Amazon, Џеф Безос, достигна нова рекордна вредност од 171,6 милијарди долари, по порастот на цената на акциите на Amazon поради преминувањето на милиони потрошувачи на електронска трговија за време на корона-кризата.
Повеќето милијардери со најголем профит неодамна се исто така дел од технолошкото милје. Меѓу нив е извршниот директор на Tesla, Илон Маск, кој додаде на своето богатство 25,8 милијарди долари од 1 јануари годинава, како и основачот на Zoom Videocommunication, Ерик Јуан, чиешто богатство речиси се удвои и изнесува 13,1 милијарда долари.
Имотот на Мекензи Безос, која доби четири проценти од акциите во Amazon по нејзиниот развод од Џеф Безос, се проценува на 56,9 милијарди долари.