Amazon воведува смарт количка

Amazon воведува шопинг количка која сама ги наплатува продуктите

Amazon ќе претстави количка за купување, која ќе ги следи работите додека купувачите ги ставаат во неа, а потоа автоматски ќе ги наплатува кога од количката ќе бидат извадат кесите со намирници, овозможувајки им на клиентите да ги прескокнат редовите на каса.

Новата Dash количка, компанијата ќе ја претстави во својата нова продавница во Лос Анџелес, која би требало да се отвори оваа година.

Купувачите мора да имаат Amazon сметка и паметен телефон за да ги користат овие услуги.

Сите колички ќе бидат опремени со камери, сензори и ваги, а додека клиентите додаваат и отстрануваат предмети, дисплејот на предната страна на корпата ја прилагодува вкупната цена.

Компанијата ќе им наплаќа на корисниците преку кредитна картичка која е поврзана со нивната сметка на Amazon.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments