AMG GT Black Series машина со 730 коњски сили

730 коњски сили и максимални 325 км/час

Неколку дена по премиерата, германскиот произведувач започна да прима нарачки за својот нов ѕвер од 730 коњски сили.

Тие кои можат да си дозволат ваков ексклузивен автомобил ќе мораат да издвојат 335.240 евра, колку што чини основната верзија на Mercedes AMG GT Black Series во Германија.

Доколку сакаат додатен ексклузивитет во вид на специјална AMG magma beam фарба (како на фотографиите), која е достапна само на овој модел, треба да доплатите уште 8.468 евра.

За максимално опремен автомобил потребно е да се платат скоро 365.000 евра.

Mercedes AMG GT Black Series во себе има 4.0 литарски твин турбо „V8“ мотор со импресивни 730 коњски сили. Моторот е поврзан со 7 брзински автоматизиран менувач со двојно квачило, кој овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за само 3,2 секунди.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments