AOC претстави нови гејминг монитори.

AOC подготви нови гејминг монитори, кои овој пат пристигнуваат со IPS панели, FreeSync поддршка и брз одзив.

Моделите 24G2AE и 27G2AE се дизајнирани да им овозможат на корисниците добар приказ на сликата без оглед на тоа што играат.

Со FullHD IPS панели, 144Hz освежување, 1ms одзив и широки агли на гледање, моделот 24G2AE покрива 128% sRGB и 1008 Adobe RGB спектар на бои, додека 27G2AE има 118 проценти и има 88 проценти покриеност за sRGB и Adobe sRGB спектрите. Овие 8-битни панели нудат 250 нита осветлување и контраст од 1000:1.

За да се обезбеди најдобра слика, мониторите имаат FreeSync Premium, за гејминг искуство без цепење на екранот. Тука се AOC Low Input Lag модот кој обезбедува уште понизок одзив и G-Menu софтвер за подесување и контрола на мониторот.

Присутна е VESA 100x100mm монтажа, а мониторите имаат и 2x 2W звучници, 3,5 мм приклучок, 2X HDMI 1.4 портови, VGA порт и DisplayPort 1.2.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments