Апликација овозможува бесконтактно користење на екраните на допир.

Ultraleap launches application to turn public touchscreens touchless

Една компанија претстави апликација која може да го промени користењето на екраните на допир.

Со апликацијата „Тачфри“ (TouchFree) се овозможува користење на овие екрани без директен допир. Командите се прават на „екран“ во воздух кој се наоѓа над вистинскиот екран.

Апликацијата е направена од компанијата „Лип Моушн“. Таа користи камера и софтвер за движење на рацете за да го овозможи користењето на екраните без вистинско допирање. Апликацијата е дизајнирана за да работи со секакви екрани на допир, без нивна промена.

Екраните на допир се секојдневие за користење на станици, во хотели и аеродроми или музеи. Но анкетите покажуваат дека поради пандемијата, дури 80% од луѓето сметаат дека ваквите екрани на јавни места се нехигиенски, а само 50% од потрошувачите повторно би користеле вакви екрани. Затоа апликацијата би можела да биде решение на проблемот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments