Apple денеска ќе претстави нови производи

Денеска се очекува Apple да претстави некои нови производи

Според наводите на дојавувачот Jon Prosser, денеска се очекува Apple да претстави некои нови производи. Засега не е познато што планира да објави компанијата, а во најава се неколку можни уреди и новитети.

Знаеме дека iPhone линијата можеме да ја очекуваме нешто подоцна во однос на вообичениот период од минатите години, а причината е ситуацијата со Covid-19 пандемијата.

Од друга страна, неодамнешните извештаи сугерираа дека овој месец нема да биде објавен ни Apple Watch.

Би можеле да дознаеме кога официјално ќе биде претставена новата iPhone линија, а исто така би можеле да дознаеме детали за некои нови производи на компанијата од Купертино.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments