Apple дизајнирал шпионски iPod за владата на САД

Нови внатрешни информации укажуваат дека дизајниран е шпионски iPod

Малкумина знаат дека Apple ѝ помогнал на американската влада да направат верзија на iPod за посебна употреба.

Поранешниот вработен во Apple, Дејвид Шајер, во објава за TidBits(билтен што ги покрива Apple во последните 30 години) откри дека во 2005 година, двајца мажи од Бехтел, во име на американското Министерство за енергетика, се приклучиле на Apple.

Ним им била потребна помош за да направат iPod кој ќе изгледа и функционира исто како и оригиналниот, но ќе има тајни сензори внатре за да се снимаат податоци.

Само четири лица знаеле за целиот проект на Apple. Инженерите помогнале во дизајнирањето и создавање на специјалната верзија на софтверот на iPod-от што ги исполнил тајните барања.

Тие сакале да додадат специјален хардвер во iPod-от што ќе ги снима податоците на уредот, но тоа да не може да се открие на iPod-от требал да изгледа како обичен iPod, објасни Шајер.

Тој посочи дека Аппле не добил ниту еден долар за целиот проект, но тоа го сторилe како услуга на Министерството за енергетика.

Иако Шајер никогаш не откри што точно правеле овие мистериозни луѓе со специјалниот iPod или каде го користеле, се шпекулира дека тие можеби го претвориле во скриен бројач на Гејгер за да можат тајно да го мерат зрачењето.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments