Apple ја тужи компанијата Prepear за слично лого

Легендарното лого е еден од најпрепознатливите симболи

Легендарното лого со каснатото јаболко е еден од најпрепознатливите симболи во технолошката индустрија.

Неговата историја опфаќа повеќе од четири децении и е составен дел од премиум производите што компанијата ги продава на пазарот. Ретко кој може да го погреши логото на компанијата Apple.

Технолошкиот гигант сега презеде правни мерки против индиската компанија наречена Prepear.

Логото на Prepear прикажува силуета од зелена круша, која е малку наведнета десно, и има дополнителен лист од истата страна. Apple смета дека сличностите меѓу двата симбола се премногу големи, поради што тие поднеле тужба против Prepear.

Според официјалните податоци, екипата на Prepear се состои од само пет лица. Дискусиите со Apple веќе резултираа во загуби од илјадници долари и предизвикаа отпуштање на друг вработен.

Веќе е покрената интернет-петиција за поддршка на индиската компанија, која веќе ја потпишаа повеќе од 9000 луѓе. Prepear смета дека дејствијата на Apple не се неопходни, бидејќи тие не му штетат на кој било начин бизнисот на технолошкиот гигант.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments