Google го забрзува циклусот на објавување на Chrome на секои четири недели!
Apple ќе стане целосно јаглеродно неутрален до 2030
Ваквиот план ќе има влијание врз нивното целосно работење, вклучувајќи ги синџирот на снабдување, производството, како и целокупниот век на траење на производот.
Компанијата Apple најави дека до 2030. година ќе стане јаглеродно неутрална, обврзувајќи се на борба против климатските промени.
Корисниците кои за 10 години ќе купат iPhone можат да сметаат на нето нулто влијание на својот уред врз климата, притоа подразбирајќи ја и енергијата потребна за напојување.
Apple планира во целост да се сврти кон обновливи извори на енергија, но и кон користењето на материјали кои не се штетни за животната средина и не придонесуваат за емисии на стакленички гасови.

Многу големи компании, како Microsoft и Amazon, работат на покренување на активности со помош на кои ќе станат климатски неутрални и така ќе го дадат својот придонес во глобалната борба против климатските промени.
Apple веќе се обврза на задолжително користење на енергија од обновливи извори кај своите над 70 добавувачи. Покрај тоа, инвестира 100 милиони долари во проекти од областа на енергетската ефикасност кај своите добавувачи.
Започнаа да користат алуминуим за кој во производството не се користи јаглерод, а се користат и рециклирани материјали.