Судот одлучи дека Apple не смее да го блокира Epic Games

Првото сослушување на правната битка

Првото сослушување на правната битка меѓу Apple и Epic Games заврши со мала но слатка победа за производителот на мобилната игра Fortnite.

Epic Games објаснува дека Fortnite е повеќе од видео игра и дека тоа е социјална платформа што ги поврзува луѓето, особено во текот на пандемијата на коронавирусот и не е доволно убедливо и смета дека се посилни аргументите на Apple за почитувањето на договорот.

Интересно е дека адвокатите на Epic потврдуваат дека компанијата намерно вовела опција за директно плаќање на дигитална содржина во последната верзија на Fortnite, со цел да го присили Apple на реакција.

Fortnite засега ќе биде недостапен на App Store, но Apple не смее да го исфрли Epic Games и да го избрише неговиот девелоперски профил.

Судијката Ивон Гонзалес Роџерс одлучи дека Apple не смее да го блокира пристапот на Epic Games во виталните девелоперски алатки.

Меѓутоа, тоа не значи дека Fortnite смее да се врати во App Store.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments