Функција за гласовни и видео повици пристигна во десктоп верзиите на WhatsApp!
Apple објави рекордни приходи и профит за вториот квартал
Apple Inc. објави многу посилни финансиски резултати од очекуваните за вториот квартал од 2020-та година.
За време на карантинот, потрошувачката на електронски уреди ширум светот се зголемила бидејќи многу луѓе беа принудени да работат и да се забавуваат од дома, како резултат на што значително се зголеми продажбата на iPhone, iPad и Mac.

Акциите на американскиот технолошки гигант се зголемија за 6,3% по завршувањето на официјалната трговска сесија синоќа на скоро 410 долари по акција.
Компанијата исто така објави дека ќе ги подели своите акции во сооднос 4 спрема 1, а новите модели на iPhone ќе бидат објавени неколку недели подоцна од вообичаеното.
Вкупниот приход од фискалниот трет квартал на Apple беше 59,7 милијарди долари, што е рекорд за овој период од годината.
На годишна основа, тие се зголемија за 11% и значително ги надминаа прелиминарните прогнози на аналитичарите, кои очекуваа малку повеќе од 52 милијарди американски долари.
Нето-добивката за кварталот изнесува 11 милијарди долари и се зголеми за 12% на годишна основа.