Apple порача 75 милиони iPhone 5G

Новите модели на iPhone ќе доаѓаат со различна димензија на екранот

Apple од своите партнери производители побара 75 милиони iPhone 5G телефони пред крајот на оваа година. Компанијата според неофицијални најави во октомври ќе претстави 4 нови телефони.

Новите модели на iPhone ќе доаѓаат со различна димензија на екранот, но најголема разлика од постоечките модели е петата генерација на безжично поврзување.

Телефоните ќе бидат поделени во два основни и два ексклузивни модели. Основните модели ќе доаѓаат со 5,4 и 6,1-инчен екран, а ексклузивните модели доаѓаат со 6,1 и 6,7-инчен екран.

Компанијата планира да претстави и нов iPad Pro, кој ќе доаѓа со екран од еден до друг крај на уредот без рамка околу. Новитети ќе има и кај Apple Watch паметните часовници.

Очекувањата се новата генерација iPhone 5G телефони да им биде достапна на купувачите најдоцна до ноември.

Презентацијата на Apple на која за првпат официјално ќе го видиме новиот телефон ќе се случи во втората половина на октомври.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments