Apple ветува Thunderbolt поддршка

Apple ветува Thunderbolt поддршка за ARM

Компанијата им ветува на корисниците дека новиот чип и натаму ќе го поддржува Intel стандардот Thunderbold USB-C за поврзувањето на новите компјутери, и покрај недостатокот на Intel процесори.

Apple оваа година одлучи да прави големи чекори, а еден од тие е оддалечувањето на процесорите на Intel и почетокот на производство на сопствени, ARM чипови.

Иако Apple и Intel пред повеќе од десет години заедно го дизајнираа и му го претставија на светот Thunderbolt, дури и ден денеска купувачите уживаат во брзината и флексибилноста на овој приклучок на Mac компјутерите. Apple по објавување на раскинот на соработката со Intel ги остави во чудо корисниците дали Thunderbolt и натаму ќе биде присутен на новите Mac уреди.

Сега пристигна потврден одговор од компанијата од Купертино, а тоа е дека и во иднина Thunderbolt ќе биде поддржан во сите нови Mac модели.

Поддршката за Thunderbolt се уште не доаѓа со уредите како што е iPad Pro, заснован на ARM архитектура. Тој има USB-C порт, но не и Thunderbolt 3. Дури и developer kit доаѓа со USB-C верзија.

Сето ова доаѓа во екот на објавата на Intel дека наскоро ќе излезе Thunderbolt 4 стандардот. Се очекува дека Apple ќе ги претстави првите Mac компјутери засновани на ARM архитектура пред крајот на 2020. година, а дека во следните две години целосно ќе ја префрли линијата своите Mac компјутери на сопствени чипови.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments