Apple Watch спаси живот на 92 годишно лице

Apple Watch спаси живот на 92 годишно лице

Лице во САД кое падна од скали високи 7 метри, Apple Watch му го спаси живот со тоа што автоматски ги информираше надлежните лица. По падот на 92 годишното лице му се скрши хип коската.
Неодамна бевме сведоци на тоа како може да ни помогне технологијата која ден за ден напредува. Благодарение на Apple Watch му е спасен животот на 92 годишното лице.
92 годишниот Џим Салсман доживеа сосема лоша несреќа. Салсман, падна од скали високи 7 метри. Лицето кое носело Apple Watch иако доживеа доста лоша несреќа сепак остана жив.

Apple Watch кој беше поставен на раката на Салсман, за време на падот, благодарение на аларм за пад веднаш ги информира надлежните. Apple Watch го пренесе падот на Салсман до надлежните единици кои по кратко време пристигнаа на местото. Така што Салсман се спаси од посериозна повреда па дури и смрт.
Џим Салсман кој падна како резултат на ветер, почна да се влечка кон неговиот автомобил но не можеше да стигне поради тоа што растојанието меѓу самиот и автомобилот беше доста големо, потоа го уклучи Сири на Apple Watch. Тој му кажа на Сири да ги повика надлежните единици незнаејќи дека Apple Watch веќе тоа го стори. Паметниот часовник ги испрати и податоците за адреса.


Џим Салсман успеа да се спаси со само скршена хип коска и за тоа е должен на Apple Watch. Паметниот часовник на Apple и претходно повеќе пати спаси живот на други лица. Исто како и во овој случај, часовникот ги информирал надлежните единици, па дури и еднаш ја открил срцевата состојба на 80 годишно лице така што веднаш ги информира надлежните единици.
Паметниот часовник Apple Watch, се очекува дека во идно време ќе има и подобри карактеристики. Според она што го слушнавме досега, Apple Watch 6, кој ќе биде следниот часовник на Apple, ќе има карактеристики како што се откривање на напад на паника, откривање на нивото на кислород во крвта и следење на спиењето.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments