Asus со најмоќниот гејмерски смартфон

Asus го претстави најмоќниот гејмерски смартфон

Asus го претстави најмоќниот и најскапиот гејмерскиот смартфон ROG Phone 3.

Уредот доаѓа со AMOLED екран од 6,59 инчи со резолуција од 2340 х 1080 пиксели и со фреквенција на освежување на екранот од 144 херци. Смартфонот има 16 GB RAM и 512 GB интерна меморија.

Телефонот има 3 камери со резолуција од 64, 13 и 5 мегапиксели и можност за снимање на видеа со 8К резолуција.

Уредот поддржува специјални алатки за гејминг, на пример може да инсталирате AeroActive Cooler 3.

Капацитетот на батеријата изнесува 6.000 mAh и поддржува брзо полнење.

Почетната цена на смартфонот изнесува 800 евра. Најмоќниот модел има 12 GB RAM, 512 GB интерна меморија и чини 1.100 евра.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments