Bitcoin повторно расте

Повторно расте вредноста на Bitcoin

Bitcoin вчера достигна вредност од над 11.200 долари, што е максимумот годинава кога доларот претрпе пад на вредноста, а инвеститорите се свртеа кон алтернативните валути, вклучувајќи го и златото.

Цената на криптовалутата се зголеми за 52% од почетокот на годината досега, околу 23% од почетокот на јули, а само во текот на вчерашниот ден цената порасна за околу 14%.

Ова покачување на вредноста беше резултат на најавата дека американските банки ќе им дозволат на клиентите да чуваат дигитални валути во банка.

Во корист на биткоин се и аргументите на пазарот дека оваа криптовалута може да ги замени традиционалните валути.

Луѓето се плашат дека може нивната заштеда може да ја изгуби вредноста, па инвестираат во алтернативни валути.

Од друга страна, цената на златото вчера исто така достигна рекордни нивоа – 1.945 долари за 30 грама, бидејќи ослабениот долар и зголемените инфлациски прогнози го зајакнаа овој скапоцен метал.

Љубителите на криптовалути повеќе пати истакнуваа дека биткоинот е еден вид заштита затоа што не е директно поврзан со инфлацијата и каматните стапки.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *